еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да се врати веднаш ветото за Македонија, бара Трифонов, чија партија не влезе во новиот бугарски Парламент

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, која не влезе во новиот бугарски Парламент, Слави Трифонов бара новиот состав веднаш да го врати ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Трифонов го бара тоа, како што образложи на Фејсбук, поради тоа што пратениците во македонското Собрание дадоа поддршка по скратена постапка за носење на Предлог-законот предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците едногласно изгласаа Предлог-закон против здруженија со фашистички имиња

„Собранието во С Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој?

Прогонот против се што е бугарско во С Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери, што не е изненадување.

Доколку Европската Унија се уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на С Македонија за членство во Унијата. С Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за Унијата, каде што човековите права и правото на самоопределување се основни.

На Бугарија и е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на разговор новиот амбасадор на С Македонија во нашата земја.

Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против С Македонија. Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеник во бугарскиот Парламент ја нарече Македонија втора бугарска држава во Европа

Фото: Трифонов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Ќе се открие кој ја нарачал опремата за прислушување и кој ја користел

Редакција

Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 768 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција