еМагазин
Image default
Бизнис

Корисниците на парно од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две ќе добијат субвенционирани сметки

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика во наредниот период ќе ги добијат сметките за плаќање.

Како што информира Ковачевски, ЕСМ очекува да биде прифатено субвенционирањето на тие сметки, а постапката е во тек.

-Корсиниците на парното од ЕЛЕМ Енергетика, во делот на Гази Баба, ќе ги добијат сметките. Се уште немаше одлука од Влада за субвенционирање. Ние имаме испратено информација до Владата, таа веќе е во процедура и очекуваме да се прифати субвенционирањето на тие сметки, односно на тие граѓани.

Во наредниот период граѓаните ќе ги добијат сметките за плаќање на парното. Ако ги испорачавме вака, сега, сметките ќе беа повеќекратно повисоки и ќе се создадеше непријатна ситуација.

Очекуваме оваа или наредната недела да имаме сметки со цени кои ги признава и прифаќа Регулаторната комисија за енергетика, рече Ковачевски.

Субвенциите, потврди, не се исплатени.

-Сега ќе бидат пресметани со новите цени сметките на граѓаните. Во делот на исплатата имаме отворено наменска сметка за топлинска енергија. На таа сметка во јануари или февруари имаме добиено околу 360 милиони денари и со Владаа ќе направиме порамнување.

Дополнително сега имаме добиено уште 1,1 милијарда денари за топлинската енергија во Скопје, за проработување на трите нови ДОО-ели на АД ЕСМ за набавка на гасот за октомври и за следните набавки кои следуваат наредната недела, напомена Ковачевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата лани имала директорката на Дебарски бањи – Цапа и членовите на Одборот на директори

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 1.422 акции на ОКТА

Редакција

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Македонија ќе биде во Куманово?

Редакција