еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на добивката на Комерцијална банка за 36,6% во првите девет месеци

Во периодот од 01.01 до 30.09.2022 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.850,8 милион денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.355,1 милион денари што претставува зголемување за 36,6%, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 105%. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 9,2% поголема во однос на минатата година како резултат на зголемувањето на приходите од редовно работење (нето приходи од камати, нето приходи од провизии и нето курсни разлики).

Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на се уште присутни ризици поврзани со пандемијата со Ковид-19, зголемена инфлација која поттикна затегнување на монетaрната политика, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.887,7 милиони денари и бележат зголемување од 10,6% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2022 година изнесуваат 1.482,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 13%, како резултат на зголемени материјални трошоци поради зголемена цена на електричната енергија, зголемени амортизација и донации во спортот по принцип на ваучери, како и заради зголемени премии за осигурување на депозитите. Планот е остварен со 101%, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Сава Димитрова купи акции во Комерцијална банка

Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски влегоа во Управниот одбор на Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотел „Континентал“ оди под залог кај Комерцијална банка

Редакција

Унгарија е новиот пазар на Реплек – продолжува зајакнувањето на извозните позиции на пазарот на ЕУ

Редакција

Министерството за правда купува телевизори за затворeниците во Идризово за 1,1 милиони денари

Редакција