еМагазин
Image default
Локално

Драма во Тетово: Се обиделе да го киднапираат среде улица

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Д., В.Ф.(35) и А.Р.(36), сите од Скопје, за сторено кривично дело „грабнување во обид“. На 25 април во Тетово, во село Палатица пријавените со патничко возило „Мерцедес“ го попречиле движењето на возило во кое биле две лица, а откако тие застанале, првопријавениот дошол до возилото и со раце го фатил едното лице, додека второ и трето пријавениот со употреба на сила се обиделе да го внесат другото лице во нивното возило.

Настанот бил забележан од граѓанин кој почнал да бара помош, по што пријавените влегле во своето возило и го напуштиле местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Келнер нападнат на работа поради расправија во сообраќај

Редакција

Приведени учителка и улични дилери на дрога: Голема полициска акција во Скопје

Редакција

Крвав напад во тетовско: Татко му нанел убодна рана на синот

Редакција