еМагазин
Image default
Свет

Европската Унија апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина

Шефот на еврoпската дипломатијата, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата апелира до Русија да се врати на договорот за извоз на жито од Украина.

„Одлуката на Русија да го суспендира своето учество во Црноморскиот договор (за житарици) ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жита и ѓубрива за решавање на глобалната криза со храна предизвикана од војната врз Украина. Апелираме до Русија да ја промени својата одлука“, напиша Борел на Твитер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така побара од Русија да се врати на договорот, кој Москва го суспендираше вчера, наведувајќи ги како причина нападите врз руските бродови од Црноморската флота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го замрзнува своето учество во договорот за жито, но е подготвена бесплатно да го доставува за сиромашните земји

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Папата Франциск: Оставете ги телефоните и разговарајте меѓу себе

Редакција

Ќе има ли истрага во Конгресот за синот на Бајден и повлекувањето од Авганистан: Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом

Редакција

(Вознемирувачко видео) Бројот на загинати од земјотресот во Мароко се искачи на над 2.000

Редакција