еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наши ученици не беа во Софија, директорката на битолското техничко училиште ја демантира бугарската фондација

Директорката на Техничкото училиште во Битола, Жанета Сервини, ја демантира бугарската фондација „Бугарска меморија“ дека ученици од училиштето биле во посета на Софија како „истомисленици на клубот Иван Михајлов“.

-Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија.

Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта.

Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето, се вели во реакцијата на Сервини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Проблемот со загадувањето на следната седница на Советот за безбедност

Редакција

(Видео) Обвинет запроси обвинета на читањето на пресудата за „Софтвери„

Редакција

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Редакција