еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на првата официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, се сретна со принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи, што воедно претставува и прва средба на министри за надворешни работи од воспоставувањето дипломатски односи.

На средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и начините за нивно понатамошно унапредување, при што било изразено задоволство од соработката во рамки на мултилатералните организации.

Соговорниците размениле мислења за модалитетите за развој на економските и бизнис-релациите, согласувајќи се дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката на полето на прехрамбената индустрија, туризмот и енергетиката.

„Денешната посета претставува потврда на заемната посветеност на развојот на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена.

Пред нас се отвораат големи можности за понатамошно интензивирање на размената на прехрамбени продукти и земјоделски производи, особено имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храната во овој регион и нашиот потенцијал за кој ни се потребни нови пазари,“ истакнал Османи.

Воедно, тој ги нагласил интензивните активности во доменот на економската дипломатија и посветеноста на креирањето поволни услови за странските инвеститори, подвлекувајќи дека саудиските инвеститори во Владата ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.

Соговорниците разговарале и за можностите на унапредување на договорната рамка, парламентарната соработка како и соработката на полето на културата и образованието.

Османи го брифирал Ал Сауд за неодамнешното членство на Македонија во Унијата за Медитеранот, претстојното претседавање со ОБСЕ и европското досие на земјата, а стана збор и за теми од регионален и меѓународен интерес.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „акција“ ќе може да се продаваат и поевтинетите производи, но ако причина е рокот на траење, тоа ќе мора да се наведе

Редакција

За грчката Православна црква е прифатлива автокефалноста на Охридска Архиепископија, но не и името МПЦ

Редакција

Убава вест: Од корона вирусот оздравени 112 пациенти, од Скопје 42

Редакција