еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува за РЕК Битола е за период од 18 месеци, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетски систем, велат од СДСМ за денешната прес-конференција на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ, на која, тој обвини дека РЕК Битола за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од лани

„Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2023 и следната грејна сеозна, 2024/2025.

Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза.

На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата.

Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика,“ се вели во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) РЕК Битола за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од лани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се ограничува каматата на долговите

Редакција

Преку 1.200 македонски државјани заминале за Србија по укивањето на ПЦР тестот за Ковид-19

Редакција

Кои се пратениците во Европскиот Парламент кои поднесоа амандманите за непримерно однесување на Бугарија кон Македонија

Редакција