еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се ограничува каматата на долговите

СДСМ и парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите, односно таа да не може да биде повисока од долгот. Ставаме крај на огромните каматни стапки кои досега во некои случаи и повеќекратно беа повисоки од самиот долг, информира Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција.

Со предложените измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот.

– Тоа значи во ситуација кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече или во пракса, за долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата да биде 1.000. Понатаму, со предлог законски измени се предвидува скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката, појасни таа.

Ова во пракса значи намалување на можноста за акумулирање на каматата, но и стимулација за побрза наплата од страна на доверителите.

На овој начин, нагласи Калеска Ванчева, ставаме крај на енормните камати што повеќекратно го надминуваа долгот и на тој начин граѓаните, па и цели семејства се туркаа во должничко ропство.

– Овие предложени измени директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва каде што е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит ако трошоците што  не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит.

Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги, рече пратеничката од СДСМ.

Додаде дека се зајакнува и контролата, со новите измени и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва, но и во она што значи наплата на трошоци, висина на трошоци но бидејки овде не беше вклучена казнената камата бидејќи таа е регулирана со Законот за облигациони односи затоа велиме дека со овие измени директно ќе влијае и на Законот за финансиски друштва односно на односите којшто се ствараат помеѓу финансиски  друштва и корисниците на финансиските услуги.

– Овие измени се во директна корист на граѓаните и затоа ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи, да дадат поддршка, за тие што побрзо бидат усвоени, рече меѓудругото Калеска Ванчева.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради зголемен обем на работа: УЈП вработува 25 лица, плата до 37.755 денари

Редакција

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција

(Видео+Фото) Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов

Редакција