еМагазин
Image default
Македонија

И на Зеќири ќе му суди судиката Фанка Јанчулева Михаиловска, која го води судскиот процес против Рашковски

Фанка Јанчулева Михаиловска е судијката која е назначена за водење на судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба.

Судењето за случајот во кој Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255 денари, започнува на 15 декември 2022 година.

Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

– Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.

Судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска го води и процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Разбиена организирана група на шверцери на дрога, приведени три лица, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција

Полицијата растера поголема група млади на Водно: Апел да се почитуваат мерките против коронавирусот

Редакција