Првата честитка за Ислам Абази за неговиот избор за нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, стигна од ДУИ и тоа од заменик-министерот за правда, Агим Нухиу.
Повеќе медиуми периодов шпекулираа дека Абази е „човек на ДУИ“, а од него до сега не стигна никаков демант за таквото обвинување.
Нухиу на Фејсбук меѓудругото напиша дека со нетрпение очекува напредок „во истражните постапки, гонењето и казнувањето на случаите на организиран криминал и перење пари со фокус на конфискација на имотот стекнат преку криминал“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска
Фото: ДУИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.