еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција почна да го плаќа рускиот гас со рубљи

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи.

Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи. Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до крајот на годината ќе се одржи конференција со добавувачите и купувачите.

Рускиот претседател Владимир Путин во октомври предложи Турција да стане база и алтернативна рута за снабдување на Европа со руски гас откако гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море беа оштетени во експлозии.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четворица пациенти од корона вирусот, тројца од Скопје и еден од Гостивар

Редакција

Од утре прeстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

Редакција

Убава вест: 127 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција