еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 му нуди на Абази “бомби„ за корупција и криминал на политичари, судии, бизнисмени…

Во нов допис, Бојан Јовановски – Боки 13 на шефот на Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази му нуди снимки, фотографии, аудио записи, транскрипти…, кои тврди дека ги поседува и бара да биде спроведен пред Абази, за кого вели дека единствено му верува, со цел преку овие материјали да обелодени криминал и корупција.

„Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривични пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување.

Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите, а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи (т.н. “бомби”) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски“, стои во дописот испратен од неговиот правен тим.

„За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание.

Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување, да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основен кривичен суд Скопје, за кое имам основано сомневање дека е донесено од криминогени побуди и намери на поединци.

Воедно, молам за заштита од ваша страна во рамки на законот, дотолку повеќе што сум се соочувал и се соочувам со реални закани по мојот живот и истото очекувам да биде интензивирано после ова истакнато барање до вас за поднесување на кривични пријави“, стои во дописот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Боки 13 вратен во затвор во предканцерогена состојба, велат од неговиот правен тим

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е над 70 проценти, тврди Филипче

Редакција

Оштетени и уништени спомен плочите за убиените бранители кај Вејце

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција