еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ветото од Бугарија останува, нема старт на преговорите со Македонија

Нема промена во ставот на Бугарија за почеток на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ на состанокот на Советот за општи работи, кој се одржа вчера, објави БНР, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарското вето останува, иако, според дипломатски извор, планираниот остар став на Бугарија, кој требало да биде искажан пред Советот, не бил изразен поради трагедијата на автопатот Струма.

Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров, најпрвин изразил длабоко сочувство за несреќата во која загинаа 45 македонски граѓани и истакнал дека Северна Македонија се уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Тој додал дека Бугарија во последните месеци предложила голем број опции за надминување на отворените прашања како гаранции за правата на луѓето со бугарска самосвест, како и дека Северна Македонија треба да преземе конкретни обврзувачки обврски, од кои некои треба да бидат исполнети на краток рок, а останатите да бидат меѓу барањата на идната преговарачка рамка.

Александров рекол дека пред тоа да се случи не може да се очекува напредок.

Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, како што јави дописничката на МИА од Брисел, изјави дека голем фокус на состанокот бил ставен на бугарско-македонскиот спор.

-Ме радува што има општа поддршка за целиот процес, но сѐ уште има билатерални прашања, посебно истакнати од страна на Бугарија.

Но, се надевам дека до крајот на нашето претседавање со ЕУ ќе успееме да ги решиме проблемите, овој процес мора да биде позитивен, изјави Довжан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Јанакиески, Ристовски, Вељаноски и Атанасовски ќе им се суди за настаните во собранието од 27 април

Редакција

Во пресрет на изборите: Албанското знаме откри рогови во вреќата на Владата

Редакција

(Видео) Зеленски: „Украина не сака да биде покриена со тела на војници, тоа се збунети деца кои се искористени“

Редакција