еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Запленет, па вратен удел на ЗК Пелагонија во Пелагонија Енерџи

Земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола, преку Македонската берза информираше дека на ден 28.10.2022 година биле донесени и на 31.10.2022 година доставени Налози за заплена на уделот, кој ЗК Пелагонија го има во трговското друштво за производство на електрична енергија Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Логоварди Битола на начин што наместо да се примени член 5 од Законот за извршување и да се примени средство за извршување кое е поповолно со оглед на вредноста на износот кој се извршува и вредноста на предметот врз кој се извршува, биле донесени Налози за заплена на уделот во Пелагонија Енерџи за наплата на исклучително помали износи од вредноста на уделот во предмети на извршување кај извршителот Николче Диневски од Битола.

-Појаснуваме дека институтот заплена на удел има дејство и последица само на забрана со идно располагање со уделот, а сопственоста на уделот и неговата вредност не се променува.

Исто така истакнуваме дека веднаш се пристапи кон плаќање и повлекување на заплената на удел и на денот на поднесување на ова известување вкупните износи за чија наплата беа донесени именуваните Налози за заплена на удел се целосно платени, информираат од Комбинатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка во првите шест месеци

Промени во акционерската структура на ЗК Пелагонија: Нова Агро Инвест стана сопственик на 9,86% од вкупниот број на акции

За надоместоци на членовите на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик министерката Тренчевска го демантира министерот Велковски

Редакција

Што пишува во биографијата на Хисен Џемаили, новиот министер без ресор задолжен за домашни инвестиции

Редакција

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 781.000 евра

Редакција