еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Чаир и Бутел ќе имаат парно, Скопје Север обезбеди пари за гас за следните 10 дена

Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани.

Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.

– Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани.

Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје Север и АД ЕСМ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 28 мај втор круг од претседателските избори во Турција – претседател ќе се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу

Редакција

Европскиот суд за човекови права пресуди по седми пат во полза на Македонците во Бугарија

Редакција

Детален преглед: Кои се најголемите донатори во изборната кампања на Блерим Река?

Редакција