Руското Министерство за одбрана се огласи по повод експлозијата во полското село Пржеводов, при што загинаа две лица.
– Изјавите на полските медиуми и официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација. Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје.
Урнатините што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пржеводов нема никаква врска со руското оружје, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+Фото) Проектил падна во Полска, медиуми тврдат дека е руски, две лица загинаа
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.