еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Проектилот кој падна во Полска најверојатно не е испукан од Русија, вели американскиот претседател Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека проектилот кој вчера падна на територија на Полска, најверојатно не е испукан од Русија.

„Првичните информации оспоруваат дека станува збор за руска ракета. Не сакам да го кажам тоа со сигурност додека целосно не се истражи, но малку е веројатно според линиите на траекторијата дека била истрелана од Русија.

САД и сојузниците од НАТО ќе спроведат целосна истрага пред да реагираат“, изјави Бајден.

Полските власти пак посочија дека веројатно станува збор за проектил од руско производство, но нема конкретни докази кој го испукал.

Во експлозијата во полското село, каде падна проектилот, загинаа две лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руско Министерство за одбрана: Полска намерно провоцира, ова нема врска со руско оружје

(Видео+Фото) Проектил падна во Полска, медиуми тврдат дека е руски, две лица загинаа

Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Промена на учебниците, справување со говорот на омраза, нема реципроцитет за Македонците во Бугарија: Османи го престави Протоколот

Редакција

Општина Бутел вработува четири лица, плата до 29.600 денари

Редакција

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Редакција