еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот се намалува за три, бензините за два денари

Од ноќеска на полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, на бензините за два, а на екстра лесното масло за домаќинство за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ).

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 отсто во однос на одлуката од 14 ноември годинава.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887 отсто, кај дизелот за 2,869 отсто, кај екстра лесното за 2,857 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,291 отсто, информираат денеска од РКЕ.

Како што додаваат оттаму, курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 3 ден/лит, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3 ден/лит., а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг и сега ќе изнесува 47,622 ден/кг.

Од 17.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Еуросупер БС – 95 – 91,50 денари/литар, Еуросупер БС – 98, – 94  денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) – 93 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88 денари/литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Редакција

Просечната нето плата во мај 36.465 денари

Редакција

Во сообраќајка кај скопската обиколница загина 40-годишна скопјанка, а тројца се повредени: Детали од МВР

Редакција