еМагазин
Image default
Балкан

Турција не ја брани Москва, но руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно, вели турскиот министер Чавушоглу

Барањата на Русија мора да бидат исполнети за житото да стигне до оние на кои им е потребно, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Коментирајќи го продолжувањето на договорот за испорака на жито преку Црното Море, тој појасни дека барањата на Русија мора да бидат исполнети за да се обезбеди пристапот до храна на оние на кои им е потребна, јави агенцијата Анадолија.

– Турција не ја брани Русија, но, свесна е дека ова е договор во кој мора да се исполнат руските барања со цел житото да стигне до оние на кои им е потребно, појасни Чавушоглу на прес-конференција.

Тој изрази надеж дека ќе дојде до прекин на огнот и крај на војната во Украина, преку дипломатски преговори, со цел повеќе да нема потреба од продолжување на договорот за испорака на жито.

Договорот за црноморскиот житен коридор вчера беше продолжен за 120 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постигнат договор за продолжување на договорот за жито во Црното Море

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) Објавено видео од убијците на грчкиот новинар Јоргос Карајваз

Редакција

Грција стана првата православна земја кои ги легализираше истополовите бракови

Редакција

(ВИДЕО) Поранешниот премиерот на Романија, Драгнеа во затвор, Романците го испратија со пцовки

Редакција