еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ замрзнала руски имот во вредност од најмалку 68 милијарди евра

Европската Унија замрзна вкупно 68 милијарди евра руски имот, најмногу во Белгија, покажа интерниот документ на Европската комисија до кој дојде Политико.

Белгија е на прво место со 50 милијарди, а веднаш по неа е Луксембург со 5,5 милијарди евра.

Кога на Белгија и Луксембург ќе им се приклучат Италија, Германија, Ирска, Австрија и Франција, сите заедно сочинуваат над 90 отсто од замрзнатиот имот на руски граѓани во Европската Унија.

Меѓутоа, Брисел не знае колку руски национални девизни резерви се замрзнати во Унијата, наведува медиумот.

Во интерниот документ на Комисијата има приближен број од 33,8 милијарди евра, но, се додава дека „ова е моменталната проценка, па точниот податок не е даден“.

Комисијата чека Советот на Европа да ја одобри одлуката со што избегнувањето санкции ќе биде прогласено за кривично дело во ЕУ, што би ја олеснило конфискацијата на имот при кривична пресуда.

Малку изненадувачки, проблем претставува тоа што Полска го запре овој процес, пишува во документот на Европската комисија. Еден дипломат вели дека Варшава е целосно усогласена со ЕУ, но, оти прво треба да усвои национален закон, а како што додава, постапката е во тек, пренесува Политико.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за животна средина не наплатило од должници 1,4 милион евра за вода, открива Државна ревизија

Редакција

Како и што најавија, Алијанса на Албанците и Алтернатива во Собрание ги блокираа парите за граѓаните и фирмите

Редакција

(Фото) Филипче му измери температура на Заев

Редакција