еМагазин
Image default
Бизнис

Просечна нето плата во септември 32.553 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Образование (10.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Преработувачка индустрија (3.7 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија

Редакција

Владимир Ефтимоски реизбран за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Раст на депозитите и кај фирмите и кај домаќинствата

Редакција