еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

15 години затвор за неготинецот што ја претепа партнерката, која почина од повредите 

Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци, за неготинецот што ја претепа партнерката, која почина од повредите.

– Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да исклучува за неплатени сметки

Редакција

Минатата недела од Ковид-19 починале 9 лица

Редакција

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

Редакција