еМагазин
Image default
Македонија

Партијата ДОМ ќе го одржи петтиот конгрес, се очекува реизбор на Морачанин

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да бидат реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24 овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.

Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор.

Фото: Фејсбук/ДОМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Народот не почитува, ќе се затворат парковите и ќе се воведат построги мерки

Редакција

Филипче за Нино Васев вели дека е врвен професионалец, а дали работел незаконски треба да се истражи

Редакција

Убава вест: Регистрирани 332 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција