еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Американците масовно го тужат Монсатно, во Македонија молк по незаконската продажба на ГМО производи

Ќе почнат ли македонските граѓани да поднесуваат приватни тужби против производителите и увозниците на храна и други продукти кои не ги почитуваат законските одредби за заштита на здравјето на населението е прашање кое заслужува внимание ако се земе предвид вчерашната информација од компанијата Баер дека бројот на американски тужби против Монсанто се зголеми од 5.200 на околу 8.000, откако на Moнсанто му било наредено да плати отштета поради тоа што не предупредил за наводни ризици од рак од препарати за уништувањее коров на база на глифосфати.

Акциите на Баер загубија повеќе од 10 отсто од вредноста, откако Монсанто на 10 август, во првата парница од повеќе од илјада во САД, мора да плати 289 милиони долари за отштета поради препаратите против коров на база на глифосфати како што се Roundup и Ranger Pro.

Додека граѓаните на САД масовно гледаат да си наплатат штета, потрошувачите во Македонија засега речиси воопшто не се одлучуваат на судски постапки против несовесните компании иако секојдневно се соочуваат со купување неквалитетни производи.

Неодамна во земјава беше откриен случај на продажба на генетски модифицирани прехранбени производи (ГМО) што во земјава е со закон забрането и што секако би можело да биде основ за покренување постапки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kако да се регистрирате на Националниот портал за електронски услуги, за да вадите документи онлајн

Редакција

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Редакција

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција