ФЕРО ИНВЕСТ е единствена компанија на македонскиот пазар која нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаични електрични централи: од почетна идеја, преку изведба, одржување на електраната и обезбеден откуп на електричната енергија во иднина, информираат од таму.
Во рамките на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ и другите сестрински компании, успешно функционираат различни служби и фирми кои квалификувано го водат инвеститорот низ сите фази на проектот: Правна служба која го советува и му асистира на клиентот низ сите административно, урбанистичко-правни постапки (потреби од урбанистички проект, основен проект, градежна дозвола, сопственост на земјиште, сопственост на кров итн.), АКВАВАТ – проектантско биро специјализирано за проектирање на обновливи извори на енергија, БРАКО – изработува метални конструкции и елементи по барање на Феро Инвест, ЕМС (Energy Maintenance Solution) – го изведува проектот на терен и во иднина се грижи за неговото оддржување преку 24-часовен мониторинг систем, со цел електраната непрекинато да произведува, РЕС (Renewable energy supply) – го гарантира откупот на произведената електрична енергија, што се очекува во скоро време да стане најголем проблем со оглед на зголеменото градење на фотоволтаични електрани и зголеменото производство на струја од нив во исто време кај сите капацитети.
-ФЕРО ИНВЕСТ при откупот на електричната енергија во иднина ќе даде предност на електраните изградени од негова страна.
ФЕРО ИНВЕСТ гарантира решение во најбрз рок и со најквалитетни компоненти од највисока енергетска класа ААА за изградба на фотонапонски електрани, а со своето портфолио од 100 милиони евра, компанијата нуди сигурност за секој инвеститор, велат од компанијата.