еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми, тврди Бектеши

Работиме посветено преку конретни мерки за да нема зголемување на цената на електричната енергија, посебно за домаќинствата од почетокот на следната година. Се разгледува опција за воведување на блокови за потрошувачка на струја и кај малите потрошувачи, а во мементов не се разгледува промена на блоковите кај домаќинствата.

Нашите првични калкулации се, и покрај зголемување на ДДВ за електрична енергија од 1 јануари, тоа да не влијае на зголемување на крајната цена на електричната енергија за домаќинствата, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг за медиуми, кој го одржа заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Одлуката за цената на електричната енергија која ќе ја испорачува ЕСМ до Универзалниот снабдувач од 1 јануари, како што кажа Бектеши ќе се знае до крајот на месецот, а крајните пресметки ќе ги објави Регулаторната комисија за енергетика.

„За тие што имаат просечни приходи во нашата држава цената на струјата нема да биде зголемена, одлуката за евентуална промена во цената на струјата од 1 јануари, ќе се носи во интерес на граѓаните.

Не е во ред во време на криза, одредени домаќинства со повисоки приходи да имаат иста цена со граѓаните кои имаат просечни приходи. Одредени домаќинства во земјава трошеле повеќе од одредени компании и тоа големи.

Зборуваме за над 30-40 мегавати месечно, што значи тие домаќинства ќе плаќаат согласни пазарните услови, а зошто да не и дополнително со маржа од страна на ЕВН Хоум и ЕСМ,“ потенцираше министерот.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кажа дека од јануари до ноември на АД ЕСМ од сопствени капацитети има произведено 3.373 гигават часови и споредено со истиот период лани тоа е е зголемување од 26%.

АД ЕСМ има задолженија од Владата за дополнително снабдување на енергетски субјекти, државни институции и бизнис сектор, и количината енергија што не стигнува ЕСМ да ја произведе за нив, се дополнува со набавка преку ЕСМ Продажба.

„Имаме зголемен капацитет на ископ на јаглен од сопствени наоѓалишта, има склучено договори за набавка на јаглен од Албанија, а денеска почна испорака на нови количини јаглен од Грција од 600 илјади тони во наредните 12 месеци, по постигната најниска цена на јаглен од 59 евра по тон, што е најниска постигната цена во Европа.

Имаме и нов договор за испорака на мазут до јуни седната година и сме обезбедени и со јаглен и мазут до крајот на топлинската сезона,“ изјави Ковачевски.

Директорот информираше дека на месечна направени се набавки на природен гас, а за декември се обезбедени вкупни колични за топланите, а склучен е договор и за набавка на топлинска енергија со ТЕ-ТО по регулирана цена и на крај на декември ќе биде објавен повик за набавка на гас за период од јануари до април.

„Снабдување со електрична енергија е сигурно и стабилно, производството е зголемено и нема прекин на испорака на електрична енергија. ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино се повторно вклучени во производство, се работи на решавање на прашањето со трансформаторот за блок 3 во РЕК Битола,“ додаде Ковачевски.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол во март

Редакција

Дизелот поевтинува, бензинот Еуросупер БС-98 поскапува

Редакција

Минатата недела 195 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Редакција