еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Град Скопје утре ќе објави нов јавен повик за приватни превозници, „Слобода превоз“ и Макекспрес“ нема да можат да аплицираат

Градот Скопје утре ќе објави јавен повик за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22. Единствена разлика, како што информираат од Градот Скопје, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

– Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот.

Оттаму потенцираат дека јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи, и, како што се вели во соопштението, во случајот, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје.– Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните.

Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270.

На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поевтина, сигурна и стандардизирана услуга, велат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија се заблагодари на европските партнери кои покажале разбирање на бугарската позиција и примена на декларираните принципи во пракса

Редакција

Русија ќе ја укине забраната за увоз на праски, откако ќе биде спроведена фитосанитарната истрага во Македонија

Редакција

Намален бројот на странски туристи

Редакција