Во периодот од 20.00 часот на 25.08.2018 до 01.00 часот на 26.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки, информира МВР.
Од страна на полициски службеници во Полоциска станица Кисела Вода и Карпош привремно се задржани 13 мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли “Кавасаки” и “Хонда”, по две “Сузуки” и “Јамаха” и еден моторцикал “КТМ”.
По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.
Фото: МВР