еМагазин
Image default
Бизнис

Владата одобри склучување на Спогодба со Албанија за бесплатен пристап до дел од пристаниште во Драч

Владата на денешната 108. седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете земји.

-Разгледан е и прифатен и усогласениот текст на Спогодбата. Се работи, според посоченото од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, за реализација на усвоен заклучок на последната заедничка седница помеѓу владите на двете држави, според којшто, на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга, информираат од Владата.

Од владината прес-служба посочуваат дека целта на соработката е подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари меѓу трговски пристаништа во Албанија и Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 17 милиони евра за шест месеци

Редакција

(Фото) Како ќе изгледа комплексот „Планет“ во Сарај: Елитна населба во близина на езерото „Треска“ со вили, паркови, игралишта

Редакција

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година

Редакција