еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Визер укина неколку линии од Македонија

Порталот exyuaviation.com.објави дека нискобуџетниот авиопревозник Визер ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и Охрид до неколку европски града.

Визер ќе ги прекине операциите од својата база во Скопје до Турку, Торино и Билунд.

Со укинувањето, Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, а за Билунд во декември минатата година.

Авиопревозникот ги прекинува летовите и помеѓу Охрид и Фридрихсхафен. Летовите меѓу двата града беа воведени минатиот декември.

Како резултат на тоа, три од четирите нови линии што ги воведе во последното проширување на својата македонска мрежа, во декември 2021 година, сега се прекинати, пишува порталот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И покрај високиот процент на вакцинирани, во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Редакција

Апелацискиот суд во Гостивар ја укина пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница

Редакција

Груевски за денешното судење за „Плацеви на Водно“: Невидена игра, како во холивудски филм

Редакција