еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите в понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а понекаде и особено во северните делови ќе има услови за појава на снег понекаде во пониски места.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од минус три до осум степени, а максималната од три до 13 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шум на срце кај децата: Има ли причина за загриженост?

Редакција

Што значи персонализирана медицина за онколошките пациенти

Редакција

(Фото) Искуство од 40. традиционално искачување на Титов Врв: „Небото над Шар Планина го распаруваа грмотевици, а планината побеле од град“

Редакција