Облечени во бело, со батерии и мобилни телефони во рацете, но и со солзи во очите, жителите на населбата Мати организираа собир во чест на жртвите од катастрофалните пожари на 23 јули.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, граѓаните со светлата од батериите и мобилните телефони го осветлија небото, додека еден од организаторите ги читаше имињата на сите загинати во пожарите.
Во огнената стихија во западниот дел на областа Атика, на 23 јули, животот го загубија 96 лица.
МИА/Фото: Iefimerida/Видео: Антена ТВ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.