еМагазин
Image default
Македонија

Лажна е дојавата за бомба во основното училиште во Кавадарци

Лажна била пријавата за поставена експлозивна направа во основно училиште во Кавадарци, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци, дека на електронската адреса на училиштето, била испратена закана за поставена експлозивна направа.

Утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажна пријава, појасни Самарџиев.

За потсетување, минатата седмица имаше лажни дојави за бомби во шест основни и средни училишта во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон: Нема почеток на преговори за Македонија без претходна реформа на процедурата

Редакција

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Редакција

Убава вест: Оздравени 58 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција