еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на туристи зголемен за 38,3%

Во периодот јануари-октомври 2022, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај домашните туристи има зголемување за 5,8%, а кај странските за 85,7%.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 22,6%, кај домашните туристи има зголемување за 3,6%, а кај странските за 73%.

Бројот на туристите во октомври изнесувал 81.848, од кои 34,8% се домашни, а 65,2% се странски туристи. Истиот месец се евидентирани 180.003 ноќевања, од кои 41,8% се од домашните туристи, а 58,2% од странските.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, „Еуростандард банка“ е изолиран случај

Редакција

„Тепачка“ за акциите на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ пред исплата на дивидендата

Редакција

Предлог одлука ОКТА да дели дивиденда

Редакција