еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сметките за парно може да се добиваат и на е-маил, пополнете формулар на пунктовите

ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура, затоа што е тоа најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.

„За тоа, треба да пополнат формулар кој може да го побараат од нашиот Центар за грижа на корисници да им се достави на меил, да го испечатат и пополнат.

Пополнетиот формулар можат да го остават во некој од нашите три пунктови или скениран да го достават до Центарот за грижа на корисници. Формуларот можат да го преземат и во хартиена форма на нашите пунктови, да го пополнат и да го остават во пунктот,“ се вели во соопштението.

ЕСМ Снабдување со топлина располага со 3 пунктови: на ул. 11 Октомври 9, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на ул. Лондонска бр. 8, кај Топланата Запад (населба Тафталиџе) и на бул. Јане Сандански бр. 49, кај Капитол мол (населба Аеродром).

„На пунктовите, нашите потрошувачи можат да склучат договори како и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура, и сл.

Работното време на сите три пункта е пон-петок од 07:30 до 19:00, сабота од 08:00 до 13:00.

Во врска со начините на плаќање,покрај плаќањето со траен налог отворен кај банките, потрошувачите ги имаат на располагање следните можности: без провизија да ги плаќаат фактурите на пунктовите на ЕСМ Снабдување, на шалтерите во банките и во македонска пошта, со електронско банкарство, и тоа со ПП30 налог или со користење на побрзиот начин со електронското банкарство на самата банка во делот на топлинска енергија.

Потрошувачите да се обраќаат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 и на меил адресата [email protected] за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура,“ се вели во соопштението.

ЕСМ Снабдување со топлина ги изработи фактурите за топлинска енергија за месец ноември, нивната достава е започната. Рокот на плаќање на фактурата за ноември е 30.12.2022 година.

Рокот на плаќање на фактурата за октомври е 15.12.2022 година.

Износот на фактурите за топлинска енергија за месец ноември на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август, септември и октомври.

Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка од Буџетот на РС Македонија преку АД ЕСМ, за фиксните и варијабилните трошоци.

Потрошувачите ги добиваат фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи фактурaта ќе ја добијат во хартиена форма на својата адеса на живеење,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепска пивара со намалена добивка

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп“ вреден 6,7 милиони евра

Редакција

Тешка сообраќајна несреќа на Пониква: Девојка загина откако џип излета во бездна

Редакција