еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, информираат од Обвинителството.

-Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка, кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар.

Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало, велат од Обвинителството.

Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

Дежурниот јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото, подигнаа траги и разговараа со очевидци на настанот, а веднаш е издадена и наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

По добиени сознанија за возилото и возачот – причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес по насоки на јавниот обвинител презема мерки за негово пронаоѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возилото најдено, се трага по 29-годишниот возач кој усмрти девојче на пешачки премин во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија, ќе може да снабдува со гас и други земји од Западен Балкан

Редакција

Со „БМВ“ излетал од обиколница и се забил во дрва

Редакција

Камионџија нападнал штипјанец во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

Редакција