Велешата полиција денеска го приведе велешанецот А.Н. кој на 17-ти овој месец усмрти малолетно девојче кое го удрил со своето возило на пешачки премин во Велес.
-По преземени мерки и активности, велешката полиција денеска во 11:30 часот во Велес го лиши од слобода велешанецот А.Н.(29), кој на 17-ти овој месец околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.
Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди, информираат од МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возилото најдено, се трага по 29-годишниот возач кој усмрти девојче на пешачки премин во Велес