еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Халк банка го освојува македонскиот и регионалниот пазар

Халк банка преку Македонската берза вчера соопшти дека преку емисија на акции ја зголемува основната главнина за 933 милиони денари или околу 15 милиони евра со што банката покажа дека е сериозна во намерите да стане водечка банка во Македонија, но и во регионот.

Банката е основана на 15.03.1993 година како акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Р. Македонија, со доминантна активност во работа со депозити, кредитирање на правни лица и население, девизно-валутни работи, платен промет во земјата и странство, инструменти со фиксен принос, гаранции и акредитиви.

Халк банка започна да го користи принципот на банки во мало и стана првата банка која го промени начинот на работење насочувајќи се кон потребите на клиентот, наместо класичното насочување кон производ.

Во рамки на македонскиот пазар, банката е препознатлива по иницирање брза и квалитетна услуга преку имплементација на нови, иновативни процеси како што се картичниот бонус програм, модернизираните АТМ и ПОС машини, електронското банкарство и е-трговија.

Банката има широка домашна и интернационална мрежа составена од 37 филијали низ Македонија и коресподентски односи со повеќе странски банки.

Во профилот на банката стои дека има зацртана мисија да биде водечка, исполнувајќи ги сите услови на универзалното банкарство, силни и во производите и услугите за населението, и континуирано да создаваме дополнителни вредности за клиентите, акционерите и вработените преку ефикасна имплементација на сите банкарски услуги со свест и разбирање на своите општествени одговорности и должности.

Визија на банката е да биде регионална водечка банка за МСП која е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмира силно присуство во услугите во доменот за население.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 34 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.757

Редакција

Светски ден на водите: Ученици се уште пијат вода од бунар и од цистерни во нашата земја

Редакција

Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август

Редакција