еМагазин
Image default
Да помогнеме

ЕВН со новогодишни донации за религиозните заедници

ЕВН Македонија ја продолжува традицијата на донации за време на Новогодишните празници, информираат од таму.

Компанијата обезбеди пакети со храна кои ги донираше на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква во Скопје.

Преку хуманитарните организации, „Свети Спас“,„Хилал“ и Скопската бискупија, истите ќе бидат распоредени низ целата држава.

„Преку новогодишните донации, ЕВН Македонија како одговорна компанија се труди да им ја збогати трпезата на граѓаните за време на празниците.

Така и годинава, религиозните заедници ќе ги достават пакетчињата со храна до најранливите семејства, граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини.

Со овој гест се надеваме дека ќе направиме мала разлика во квалитетот на животот на овие граѓани и ќе влееме празнична надеж кај оние што најмногу им е потребна,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Мизерното лице на сиромаштијата: На мајка и ќерка им требаат две соби

Редакција

И требаме на малата Елеонора: Потребни се 21 илијади евра за да има нормален живот

Редакција

Потребни се 3.000 евра за 19-годишно момче да не остане слепо

Редакција