еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Галерија) Мизерното лице на сиромаштијата: На мајка и ќерка им требаат две соби

Социјалниот работник во Вистински дела на љубезноста, Моника Чекаловиќ сподели приказна од сиромашно семејствоо кое живее во село Кучевиште, Општина Чучер Сандево.

Таа апелира за помош за ова семејство преку здружението Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness.

„Има едно семејство, мајка намачена и ќерка со умерена ментална попреченост. Уште прв пат кога ги видов, ме купија ! Скромност, упорност, желба за живот, борба за опстанок… За жал ние не сме во можност да им помогнеме повеќе од достава на месечни пакети за храна, хигиена и мебел.

До нивната куќа има едно тесно земјено патче, а кога ќе стигнете до куќата, е тоа е посебна слика.

Премногу стара куќа, без под, кров кој се распаѓа, никогаш немале фрижидер, ниту пак телевизор, неможат да користат премногу струја заради слабата електрична инсталација.

Можат да користат само една соба, која се распаѓа. Кога им однесовме мебел, подот вибрираше од тежината, па истиот го извадивме. Во текот на летото мајката оди во шумата и носи гранки за огрев на раце, немаат довод, одвор, тоалет… Немаат ништо! Цели два месеци правевме повици за помош, настани, директно контактирав градежни фирми и фирми за монтажни бараки… Ништо!!! На сите им е жал, ама никој не е во можност. А барав изградба на две соби!

За да живеат нормален живот без да се плашат дека кровот ќе им се сруши над глава…Затоа Ве замолувам доколку можете помогнете барем со материјал, а доколку не сте во можност да помогнете, барем споделете ја објавава со надеж дека сепак ќе се најде некој да помогне. Денес ги посетив пак, чекаа да им кажам нешто позитивно, ама јас упорно верувам дека ќе ги израдуваме“, се вели во апелот.

Доколку сакате да помогнете може да ја контактирате и Моника, преку нејзиниот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук/Моника Чекаловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарна акција: Да помогнеме со храна, средства за хигиена и новогодишни пакетчиња и да им ги разубавиме празниците на тие што немаат

Редакција

Да ја покажеме нашата хуманост и да донираме за Татјана Андева

Редакција

(Видео) Самохрана мајка на четири деца од Тетово: Моите деца не пробале свеж леб

Редакција