еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македонија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Од ВМРО-Народна се огласија во врска со информацијата дека Македонија го има изгубено судскиот процес со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз.

-Казната против Северна Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот, туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Северна Македонија.

Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаеви на меѓународни договори во кои има стапено Македонија се има прогласувано дека е ненадлежен.

На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која треба да помине, Северна Македонија се доведува во крајно непријатна ситуација.

Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90% од мазутот во Северна Македонија вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го произведуваме во „Окта“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбитражната пресуда во спорот со “Хеленик Петролеум“ била во наша корист, велат од Кабинетот на Битиќи

Македонија ќе треба да плати отштета од 21,5 милиони евра за непочитување на договорот со ОКТА

Фото: ВМРО-НП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

Градоначалникот на грчката општина Преспа најави отворање на граничниот премин Ники (Меџитлија)

Редакција

Нема стан и бугарски пасош за натепаниот Кадриески, копретседател на бугарскиот клуб „Шемето“

Редакција