еМагазин
Image default
Македонија

Јанкулоска на суд за набавка на луксузниот мерцедес

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште од раздвоената судска постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка, бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

За случајот „Тенк“ поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.147

Редакција

Косовскиот министер Пацоли именува возач од МНР за дипломат во косовскиот конзулат во Струга

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција