еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Почина кралицата на панк-стилот, Вивиен Вествуд

На 81-годишна возраст вчера почина британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд.

Кралицата на панк-стилот, починала мирно во кругот на своето семејство во Лондон, стои во објавата на социјалните мрежи.

Родена е во Тинтвистл во 1941 година, а во 1960-те години со своите иновации во модниот свет направи големи промени.

Вествуд посебно дојде до израз на модната сцена во 1970-тите, со нејзините андрогини дизајни, маици со слоган и пркосен однос кон естаблишментот.

Таа беше позната и како голем активист и на модната писта, посебно во борбата против климатските промени.

Photo: Juergen Teller/Фејсбук/Вивиен Вествуд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени се искачи на 7 лица: Тројца роднини на сопружниците од Дебарско позитивни на коронавирусот

Редакција

(Галерија) Најубавите маски на Струмичкиот карневал

Редакција

(Видео) Среќен Бадник и Божик: Преубав спот и песна за вечниот Бог

Редакција