еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката, информираат од ЕСМ.

„Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција.

На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната.

Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција.

Како што и претходно информиравме, заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките,“ се вели во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов биланс: Од коронавирус во Кина починаа 1.789, а заразени се 59.989 лица

Редакција

(Фото) Чак Норис на „гости“ кај Виктор Орбан

Редакција

(Вознемирувачко видео) Над 218 загинати откако се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

Редакција