еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ветерот ќе ја намали маглата, максималната температура до 15 степени

Најниска температура од -5 степени Целзиусови, утрово е измерена во Берово. Следи Тетово со -4 степени, -3 во Штип и Прилеп, -2 Битола, Лазарополе, -1 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 0 Виница, Претор, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Дебар, 2 Попова Шапка, 3 Охрид, Гевгелија, Крушево и 5 во Дојран.

Утрово по одделни котлини и долж Повардарието има појава на магла или ниска облачност.

Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во претпладневните часови и вдолж Повардарието што ќе влијае на ослабување на маглата особено во делови од Повардарието и кон исток. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде со појава на магла или ниска облачност, која преку денот краткотрајно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледа опожареното место околу езерото Младост од авион

Редакција

„Руд-коп“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација на повик вреден 694.000 евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Машинкоп“ вреден 14,6 милиони евра

Редакција