еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопјанка која се водеше како исчезната најдена почината во близина на манастир во Пинтија

Зојка Луковиќ, од скопско Драчево, која од 31 декември се водеше како исчезната е пронајдена почината, информираа вчера од МВР.

„Денеска (06.01.2023) во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас. Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л. (68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирма од Турција им нудела поткуп на Мицкоски и Николоски за пругата кон Бугарија

Редакција

Владата одлучи платите на вработените на Фондот за здравство да останат исти до мај

Редакција

Тешко повреден малолетен пешак по удар од мотоцикл во Скопје

Редакција