еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонски државјанин фатен на хрватска граница при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10.000 кутии цигари

Македонски државјанин е фатен при обид за шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари на граничниот премин „Товарник“ во Хрватска, објави хрватската Царинска управа на својата веб-страница.

„При детален преглед, во просторот на резервното тркало биле пронајдени 6.600 парчиња цигари „вест силвер“, 4.000 парчиња цигари „жаде ла розе“ и 9,7 литри ракија, стока за која се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а која возачот се обидел на скришен начин да ја внесе на подрачјето на Унијата“, се вели во соопштението.

Македонскиот државјанин кој се обидел да ја прошверцува стоката треба да плати парична казна во износ од 13.272 евра, а како што додаваат од царината, пресметана и наплатена е акциза за цигари во износ од 1.419 евра.

Возилото во кое била скриена стоката било со швајцарски регистарски таблички.

Фото: Царинска управа на Хрватска/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата си „пукаше во колено“ со лош тајминг: Бугарија не оспорува, ние ќе ја спојуваме историјата

Редакција

Македонија – земјата која повеќе не сака да биде на делови, пишува францускиот сатиричен неделник „Шарли Хебдо“

Редакција

Се надеваме на почеток на преговорите во декември, изјави австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт

Редакција