Потпретседателот на ДУИ и еден од членовите на „Огнената група“, Изет Меџити синоќа од Студеничани му порача на лидерот на партијата Али Ахмети дека го поддржуваат, но, како што посочи, „да не го гори јорганот, за неколку болви“.
„Реализацијата и ефикасноста на нашата извршна власт во Владата е под два проценти. Ја поддржуваме евроатлантската насока на Владата, не само со изјави, туку и со конкретни акции, како што беше поддршката во критичните случаи, вклучително и вредниот придонес на Кастриот Реџепи.
Бараме одговорност од извршната власт за нивната неефикасност. Бараме рефлексија внатре во партиските органи, да се корегираме додека не не исправи (корегираат) граѓаните. Ние сме непоколебливи во поддршката за нашиот лидер Али Ахмети, но праќаме порака „да не гори јорганот за неколку болви,“ напиша Меџити на „Фејсбук“.
На средбата со граѓани во Студеничани присуствувале и Кастриот Реџепи, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Невзат Бејта и Муса Џафери.
„Огнената група“ има забелешки на работата и функционирањето на партијата, особено на Артан Груби, поради што минатата година испрати писмо до лидерот на партијата. По ова Груби беше сменет од партиската функција – организациски секретар. Со средбата во Студеничани започнуваат средбите со граѓани и членови на ДУИ.
МИА/Фото: Фејсбук/Меџити