еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Жан Митрев најави дека ќе ја повлече тужбата против ИРЛ за сторијата „Нечиста крв“

Доктор Жан Митрев најави дека ќе ја повлече тужбата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која ја поднесе откако во јавноста беше обелоденета сторијата „Нечиста крв“.

– Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината.

Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата, се наведува во соопштението.

ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најдено безживотно тело во реката Вардар, се идентификува дали е момчето кое излета со автомобил во вторникот

Редакција

(Фото) Браво: Девојка од Скопје донираше крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот

Редакција

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

Редакција